hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Второ германско финале и пак меѓу Кил и Фленсбург

kil - flensburg

Aко Кил е многу чест учесник на завршниот турнир или финалните двомеч средби во Лигата на шампионите, Фленсбург по седум години се враќа во европско финале на најсилниот Куп. И во сезоната 2006/07 кога последен пат играше, противник му беше Кил. Тогаш во двомеч „зебрите„ на убедлив начин славеа со вкупни 57:55 (28:28 во Фленсбург и 29:27 за Кил во „Шпаркасе арена„)

Тоа се единствените две германски финалиња во Лигата на шампионите, а во далечната 1978/79, Гросвалштат го совлада Росток во дуелот на двете екипи од истокот и западот на Германија. Шпанците на неколку пати имаа два финалисти во последните децении, откако повеќе од една екипа од најсилните лиги игра во Лигата на шампионите. Барса го доби Сиудад Реал во 2005 и 2011, па Сиудад Реал беше подобар од Портланд Сан Антонио во 2006, а Портланд Сан Антонио стана првак преку Барселона во 2001 година. Првото од петте шпански финалиња го играа Барселона и Елгоријага Бидасоа во 1996 година и славеа каталонците.

Share