hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров за прв пат ќе игра во малото финале

lazarov-landin1

Во третиот обид да ја освои Лигата на шампионите во овој формат најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров заглави во полуфиналето. За прв пат во Келн е поразен во саботниот натпревар и по трет пат во кариерата патот во Лигата на шампионите ќе го заврши на претпоследното скалило.

Утре премиерно ќе го игра и мечот за третото место, оној меч кој спортистите најмалку сакаат да го играат. Претходно во полуфиналните мечеви во дресот на Веспрем беше елиминиран од Барселона и Портланд Сан Антонио. Во финалните мечеви во Келн, Лазаров во дресот на Реновалиа Сиудад Реал и Атлетико Мадрид беше загуби од Кил и Хамбург.

Share