hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса се самосовлада, Фленсбург втор финалист

barca - flensburg 2

Барселона - Фленсбург 39:41 по пенали 36:36 32:32 (17:18)

Во меч кој Барса неколку пати го имаше на дофат за прв пат седмерците решаа за патникот во финалето и пресудија на страната на германците. Каталонците добро го почнаа мечот и Хуанин Гарсија и Рутенка наговестија расположено попладне за фаворитот. Но германците играа смирено и кога Рутенка и Лазаров не реализираа по еден седмерец, добија на самодоверба. Нодесбо со две реализирани полуконтри во 12 минута го принуди Врањеш на тајм-аут при 6:4.

Но брзо Гландорф и Егерт инвидуално реплицираа со лесни голови за 7:7. Двете екипи го реализираа скоро секој напад, со многу подобри напади од одбрани и многу малку интервенции на голманите. Матијас Андерсон одбрани некоја топка повеќе и Вајндхолд во 20 минута за прв пат го донесе Фленсбург во водство (11:12). Но првакот на Шпанија брзо покажа авторитет и Карабатиќ и Хуанин Гарсија го вратија водството (13:12).

Иако не беа убедливи ракометарите на Барселона преку Нодесбо и Томас на 5 минути до одморот пак поведоа (15:14). Лазаров го постигна првиот свој гол за +2 во 27 минута. Свен Хансон со два гола од позиција на десно крило израмни на 16:16 на 90 секунди до одморот. Дури и германците поведоа преку Егерт и неговиот ефектен лоб, но Лазаров брзо возврати за 17:17. Со голот на Вајнхолд, екипата на Врањеш на одмор замина со изненадувачки +1. Вториот дел започна рафално со голови од двете страни, но Могенсен и Гландорф ја разбија одбраната на Барса за 18:21 во 34 минута. Но Барса брзо ги среди своите редови и Воран Морос и Лазаров во 37 минута израмнија на 22:22.

Шариќ одбрани две тешки топки и Сорондо со гол од шест метри ја врати Барса во позитива (23:22). Германците беа нокаутирани и Раул Ентрериос и Хуанин Гарсија ги дотолчија со голови за 25:22. Лазаров ја превзеде одговорноста и погоди по четврт пат за +4 и неверојатна серија од 8:1 во нешто повеќе од 6 минути. Фаворитот ја одржуваше солидната дистанца и Лазаров погоди по петти пат за 28:24, па Томас за +5 и тајм аут на Врањеш во 46 минута. Но Барса продожи во ист ритам и Сорондо и Лазаров предноста ја направија највисока (31:25).

Иако полека жилавите германци спуштаа до 32:30 во 57 минута, натпреварот делуваше сеуште неизвесно. Гландорф во последната минута погоди за 32:31, а по пасивноста за каталонскиот напад и со звукот на сирената за 32:32 и продолженија. Раул Ентрериос ги постигна првите два гола во екстра времето за Барса (34:32). До крајот на првото продолжение Карабатиќ погоди за 35:33 и нешто поповолна ситуација за момците на Пасквал. Ветеранот Михаел Кнудсен ги врати надежите на Фленсбург со гол на почетокот на второто екстра време. Могенсен од чекор потполно израмни на 35:35 во 68 минута. Следеше убава комбинација Карабатиќ - Лазаров - Томас за ново водство на Барселона. Егерт од седум метри на 60 секунди до крајот ја доведе драмата до кулминација (36:36).

Расмусен го одбрани ударот на Карабатиќ на истекот на второто продолжение и при 36:36 се влезе пенал серија. Во ракометниот рулет Андерсон го одбрани седмерецот на Карабатиќ и ситен други реализираа па Фленсбургт сензационално обезбеди германско финале на Лигата на шампионите (39:41). Барселона на несватлив начин се самопобеди во меч кој на неколку пати го имаше добиено. Утре за прв пат во Келн забавата ќе биде комплетно германска, а Барселона и Веспрем ќе играат за бронзата.

Share