
Подршката за ракометарите на Барселона во полуфиналето доаѓаше од повеќе групи на „Ланксес арената„ Во ложата на СЕХА лигата, македонците безрезервно навиваа за Барселона и капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
На чело со претседателот Михајло Михајловски, останатите ракометни работници и пријатели на Лазаров, ложата 426 со многу темперамент го следеше второто полуфинале во Келн.