hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Пујол од првиот ред навива за Барса

carles puyol vo keln

Довчерашниот капитен на фудбалската секција на Барселона Карлес Пујол, кој од пред неколку недели најави дека ќе пристигне во Келн, се појави во првиот ред веднаш до теренот, за од најдобра можна позиција да го следи мечот. Пујол во дресот на капитенот Виктор Томас заедно со неговите пријатели, енергично го гледаше мечот, како кога играат неговите фудбалски колеги.

Во истата ложа на првото полуфинале помеѓу Кил и Веспрем, многу помирно мечот го следеше Роби Фоулер кој е главната музичка звезда на Final four во Келн. Инаку Пујол кој многу често и во „Палау Блауграна„навива за Лазаров и соиграчите е сместен во истиот хотел „Радисон Блу„ каде се и ракометарите на сите четири екипи и често другарува со нив во слободниот период овој викенд.

Share