hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Зебрите„ пак кобни за Веспрем

naj

Веспрем - Кил 26:29 (13:13)

Германскиот првак Кил е првиот финалист на овогодинешниот Final four во „Ланксес арената во Келн. Првото полуреме беше преполно со грешки. Алиловиќ се разбрани, а цели 16 минути Сјостранд ништо не одбрани и беше заменет со Паличка. Кога унгарците играјќи по „нотите„ на Чема Родригез поведоа со 11:8, се чинеше на одмор ќе заминат со предност. Но неколку лесни гола дадоа Палмарсон и Валур Сигурдсон, а и судиите подадоа рака за „зебрите„ дури и да поведат.

Но на одмор се отиде со 13:13 и отворени карти за продолжението од мечот. Така во вториот дел на теренот постоеше само една екипа. Бројот на технички грешки на унгарците наеднаш порасна, Родригез се умори и Наџи немаше свое попладне. Брзо исланѓаните во германскиот табор го одлепија Кил на +3. Лесни голови даде и Екберг и со +4 „зебрите„ влегоа во финишот. Обидот со Руесга „црвените„ да се вратат во мечот донесе само 23:22. Потоа пак Палмарсон и Екберг ја запечатија судбината на избраниците на Ортега. Финални 29:26 и како и лани во четвртфиналето Кил пак беше кобен за Веспрем. Во победничката екипа Арон Палмарсон постигна 7, а Гудјон Валур Сигурдсон 6 гола. Голманот Паличка со витални одбрани го заслужи епитетот играч на натпреварот. Кај Веспрем Илиќ постигна 6 гола, но имаше и многу потрошени топки. Четврти пат откако се игра Final four, германска екипа ќе игра во финалето, а по трет пат таа екипа се вика Кил.

Share