Пујол ќе го бодри Лазаров и Барселона во Келн

Легендарниот капитен на Барселона, Карлес Пујол кој ја заврши својата блескава епизода во матичниот клуб и пред некоја недела се прости од амбиентот, соиграчите и навивачите најави дека наредниот викенд со семејството ќе биде во „Ланксес арената„ во Келн да ја бодри ракометната секција на Барселона во обидот да ја освои европската титула.
Пујол заедно со клубскиот другар Пике веќе навиваа за Лазаров и другарите против Рајн Ловен Некер во возвратниот меч од четвртфиналето во „Палау Блауграна„ Пред две сезони кога последен пат Лазаров играше на Final four во Келн, тогаш во дресот на Атлетико Мадрид, на трибините се појави легендарниот Раул Гонзалез Бланко, кој настапуваше за соседниот Шалке 04. Раул тогаш „стегаше палци„ за шпанците, но Атлетико го загуби финалето од германскиот Кил.




