Рајн Ловен Некер стои на патот на Барса до Келн

Ракометарите на Барселона денес го дознаа својот четвртфинален противник во Лигата на шампионите. Германскиот Рајн Ловен Некер, кој последен обезбеди место меѓу најдобрите осум елиминарајќи го полскиот Киелце, е последната пречка пред Final four турнирот во Келн. Лазаров и другарите првиот натпревар ќе го играат на гости во Манхајм меѓу 16 и 20 април, а возвратниот во „Палау Блауграна„ ќе биде на програмата меѓи 23 и 27 април.
Барселона која оваа сезона има само еден европски пораз, добро котира и кај бубмејкерите каде е фаворит број 1 за освојување на титулата, која нема да може да ја одбрани Хамбург. Барса за прв пат во елиминационен двомеч ќе игра со Рајн Ловен Некер на исландскиот стручњак Гудмунсон и моќниот играчки кадар предводен од Ландин, Генсхајмер, браќата Гвардиола и Шмит. Во стручниот штаб на германците, тренер на голманите е легендарниот швеѓанец Томи Свенсон, кој своевремено настапуваше и за Барселона. Во останатите три мечеви од четвртфиналната програма се среќаваат: Металург - Кил, ПСЖ - Веспрем и Флензбург - Вардар. Завршниот турнир ќе се одржи во Келн во „Ланксес арената„ на 31 мај и 1 јуни.




