ФОТО: Барса ги даруваше европските шампиони

Скоро на секое големо натпреварување Барселона дава најмногу репрезентативци и скоро секогаш тие стигнуваат во завршницата. Така беше и во Данска на европското првенство во јануари. 13 ракометари на каталонскиот гигант играа за своите селекции, а некои од нив во завршницата играа меѓу себе за медали. Така во финалето Франција на Карабатиќ и Сорондо ја совлада домашната Данска на Нодесбо.
Бронзата ја освои Шпанија на Виран Морос, Раул Ентрериос, Томас, Гурбиндо и Сармиенто. Иако минаа два месеци од француското славје, Барселона не ги заборави славениците и пред мечот со Колдинг им врачи подароци на Никола Карабатиќ и Сердик Сорондо. Потоа потврдена беше квалификацијата на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Конкретно за Сорондо и Карабатиќ ова може да биде звездена сезона со успеси и со клубот и со репрезентацијата. Одговорот ќе го добиеме најдоцна до 1 јуни кога се спушта завесата на сезоната 2013/14.




