
Единствената дилема околу најавената титула првак на шпанската ASOBAL лига за Барселона е дали математичката потврда ќе стигне по завршувањето на 24 или по 25 коло. Првата од двете варијанти Барса да биде првак овој викенд е остварена.
Грањолерс ремизираше со Адемар Леон и ако в сабота Натурхаус Ла Роха не победи против Хуанферса, Барселона на Кирил Лазаров ќе ја слави титулата уште в сабота навечер. Во случај Натурхаус Ла Роха да триумфира во Хихон, каталонците титулата ќе ја слават во „Палау Блауграна„ викендот меѓу 11 и 13 април на мечот против Арагон.