
Европската ракометна федерација информираше дека на 1 април во 12:15 часот во „Гартенхотел„ во Виена ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Ова ќе биде претпоследна ждрепка во сезоната, бидејќи дополнително ќе бидат познати и полуфиналните парови во Келн низ ждрепка.
Втора година по ред во четврфиналето ќе има носители и победниците во групната фаза од Лигата на шампионите кои ќе го минат осминафиналето нема да можат да се сретнат меѓу себе. Финалниот турнит во „Ланксес арената„ во Келн ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни.