hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

EХФ го менува форматот во Лигата на шампионите од 2015/16

Quarter Final 2011 2-580

На состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ, во Виена беше детално разработен новиот формат за ЛШ, кој би вклучил 28 екипи, а би стартувал од сезоната 2015/16. Форматот ќе ги задржи групната фаза, двете елиминациски кола и фајналфор-завршницата, разликата е само бројот на тимовите и класификацијата во групите. Првите две групи, А и Б, ќе бидат составени од осум екипи, кои ќе играат класичен „робин-раунд" систем, со натпревари дома и на гости.

Победниците во групите обезбедуваат директно пласман во четврт-финалето, седмата и осмата екипа отпаѓаат од конкуренција, додека останатите десет разигруваат во првото елиминациско коло. Ним ќе им се придружат екипи од Ц и Д групите. Тие ќе бидат составени од шест екипи, кои исто така ќе играат дома и на гости, а на крај првопласираните две ќе вкрстат во т.н. полуфинал, кое би претставувало филтер за првото елиминациско коло. Останатите екипи отпаѓаат, а победниците им се приклучуваат на 10-те екипи од конкуренциите А и Б и со ждрепка формираат шест елиминациски двојки. Победниците од оваа фаза, пак, продолжуваат во четврт-финале, заедно со двете најдобри екипи од А и Б групите. Продолжението ќе биде исто како и сега – четврт-финале и фајналфор-турнир.

Share