Лазаров со честитка за седмиот роденден на „Балкан-Хендбал„

Овој викенд популарниот ракометен портал „Балкан-Хендбал„ го слави својот седми роденден, а македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров е еден од пријателите на порталот, со години заеднички соработува и се наоѓа во голем дел од нивните содржини. Првото интервју за овој портал Лазаров го даде во 2007 година, тогаш како играч на Веспрем.
Од денешна перспектива Кирил Лазаров на седмиот роденден на овој медиум гледа како на зрел период на еден редовен ракометен сервис на овие простори. Затоа и срдечна беше неговата честитка: „Упорност не е единствено што е потребно за да се успее во играта која се вика живот. Потребен е голем ентузијазам и здрава совест. Оној кој ќе се откаже никогаш нема да победи, но победникот никогаш нема да се откаже пред да успее. Лесно е да раздвојуваш луѓе, но тешко е да ги споиш и да функционираш така успешно со години. Тоа вие го правите со години, спојувате, усреќувате и ги информирате луѓето и тоа со години во една бивша држава. Ги полните со позитивна енергија и информации секојдневно„ вели Лазаров за специјализираниот ракометен портал „Балкан-Хендбал„




