Лазаров и Барса го „напаѓаат„ Купот на Кралот во Памплона

Павиљон „Анаитасума„ попознат како „Катедрал„ во Памплона ќе биде домаќин на Final four на 39 издание на Купот на шпанскиот Крал во ракомет на 3 и 4 мај. Шпанската ASOBAL федерација муја даде довербата на Хелветуа Анаитасума да го организира завршниот турнир на кој полуфиналисти се Барселона, Грањолерс, Хуеска и Хелветиа Анаитасума. Памплона ја победи кандидатурата на Леида и Хуеска и во типичен ракометен амбиент пред 3.500 гледачи ќе биде познат наследникот на Атлетико Мадрид кој ја брани титулата од минатата сезона.
Ждрепката за полуфиналето ќе се одржи во последната недела од април, на 7-10 дена до Final four турнирот. Барселона со 17 титули од Купот на кралот е апсолутен фаворит за освојување и на овој трофеј, а Лазаров три години по ред го освојува ова натпреварување откако е во Шпанија. Два пати славеше со Сиудад Реал и еднаш откако клубот се преименува во Атлетико Мадрид. Во кариерата ова натпреварување капитенот на нашата репрезентација го освоил дури 15 пати во дресот на Пелистер, Фотекс Веспрем, Загреб Кроација Осигурање и Сиудад Реал (Атлетико Мадрид). Многу веројатно до завршницата на Купот на Кралот, Барселона и математички ќе биде првак на Шпанија.




