hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пасквал: „Во Алборг се испотија и Флензбург и Хамбург„

По денешната ждрепка која на Барселона му го донесе данскиот Алборг, тренерот на европскиот вицешампион Хавиер Пасквал беше смирен и реален во анализата на противникот во првото елиминационо коло. Иако го подготвува четвртфиналето на Купот на Кралот, тренерот на дрим-тимот од Каталонија со новинарите се осврна на темата наречена, Алборг

: „Алборг е една забавна екипа играјќи ракомет, играат брзо и имаат добра реализација на шутот, посебно на бековите, а играат и многу чисто. На домашен терен имаа одлични резултати, загубија само со еден гол разлика од Флензбург и од Хамбург само со два разлика, па нивниот терен е опасен и мора да се респектираат. Но најважни сме ние самите. Свесен сум дека против кој и да играме, сите не сметаат за фаворити. Но таа улога на фаворит ја заслуживме со работа и труд. Пред четири години никој не не сметаше за фаворит во ниту едно натпреварување. Сите сметаат дека екипата победила уште пред мечот да започне. Добро тренираме и се надевам дека се ќе биде во ред за осминафиналето„ заврши Пасквал. Барселона утре во „Палау Блауграна„ го пречекува тимот на Пуерто Сагунто во четвртфиналето на Купот.

Share