
Ракометарите на Барселона го добија данскиот Алборг за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа е епилогот на денешната виенска ждрепка, која ги даде осминафиналните парови. Данскиот вицешампион одигра достоинствена група, но ќе биде аутсајдер во мечот со Лазаров и другарите. Последен пат големата Барса во двомеч беше елиминирана токму од екипа од Данска. Пред две сезони во четвртфиналето Копенхаген беше поуспешен од каталонците.
Прв натпревар 19 - 23 март
Мотор Запорожје - Кил
Висла Плоцк Веспрем
Вардар - Хамбург
Алборг - Барселона
Металург - КИФ Колдинг
Цеље ПЛ - Фленсбург
Киелце - Р.Н.Ловен
Горење - Пари Сен Жермен
Возвратниот мч се игра во „Палау Блауграна„ во терминот меѓу 26 и 30 март 2014 година.