Лазаров: „Металург имаше свој ден, треба да извлечеме поуки„

За прв пат во официјален меч Кирил Лазаров загуби од македонска екипа, а играше и против Вардар и против Металург носејќи го дресот и на Загреб и на Фотекс Веспрем, сега и на Барселона. Лазаров коректно резимираше дека Металург имаше свој ден и тоа максимално го искористи
„Честитки за ракометарите на Металург. Тактички беа одлично подготвени. Едноставно имаа ден. Ние дојдовме да победиме, но противникот беше подобар. Ние нашата цел ја исполнивме, го обезбедивме првото место во групата. Но јас знаев што не очекува, очекувавме спора игра на Металург, тие знаеа што сакаат на овој меч. Затоа им честитам на победата и им посакувам успех во продолжението. Ние ќе извлечеме поуки од овој пораз и верувам дека ќе се пласираме на Final four во Келн уште една година по ред„ рече Кирил Лазаров на официјалната прес-конференција по завршувањето на средбата.




