
На пригодна свеченост синоќа во ТВ Сител по 20 пат беше оджана манифестацијата „Асовите бираат асови" на која на најуспешните во спортот во претходната година и се доделуваат спортски оскари. Ракометарот на Барселона и капитенот на националната репрезентација, Кирил Лазаров беше прогласен за супер-спортист на годината, со што уште еднаш однесе награда во овој традиционален избор.
Лазаров во 2013 година стана светски клубски шампион и го освои ASOBAL Суперкупот и Купот со Барселона, го освои Купот на Кралот со Атлетико Мадрид и ја одведе Македонија на европското првенство во Данска. По кој знае кој пат признанието во вистински раце.