hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Дуел на титаните во Барселона

5zvezdi

Кога на еден натпревар ги имате последните два најдобри играчи на годината во изборот на IHF (Нарцис и Хансен), најкорисниот ракометар на последното светско првенство (Карабатиќ), најтрофејниот сеуште активен ракометар (Рутенка) и најдобриот стрелец во европските купови на сите времиња (Лазаров) тоа дефинитивно не е обичен натпревар. Тренерот на Барселона Хавиер Пасквал беше дециден дека мечот е и тоа како важен, без разлика што не менува многу на табелата:

„Не сме во перфектна форма. Фебруари и март обично се комплицирани месеци за нас, но очекувам полна сала „Палау Блауграна„ ќе не понесе во овој натпревар„ Барса не памети домашен пораз од екипа од Франција во Лигата на шампионите, но ретко кога играла против така моќен состав. Оваа сезона само Вардар во првото коло на групната фаза извлече реми, а сите останати противници губеа од каталонскиот дрим тим. 37 мечеви без пораз имаат ракометарите на Барселона, а во таа долга позитивна серија е и победата над „светците„ од Париз во октомври минатата година во Франција.

Share