hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Егзибиција и во Швајцарија на моќната Барса

kire so thun 2

Вакер Тун - Барселона 23:39 (13:17)

Враќањето на Лигата на шампионите за големиот фаворит Барселона беше тест против мотивираниот Вакер Тун и тоа на швајцарско тло. Домаќините подобро го отворија мечот и Линдер во 5 минута го доведе швајцарскиот првак во водство од 3:1. Нашиот репрезентативец Кирил Лазаров, кој имаше подршка од македонците кои живеат во Швајцарија и постојано го скандираа неговото име, го започна мечот со игра во двата правци.

Томас и Рутенка со голови во 7 минута, донесоа израмнување (3:3). Белорусинот погоди во 9 минута за прво водство на европскиот вицешампион. И покрај одбраните на Винклер, по исклучувањето на Никола Исаиловиќ, Лазаров со скок-шут ја комплетира серијата на гостите од 0:4. Линдер со удар низ зоната на Барселона намали на 4:5, пред Рутенка да возврати на ист начин. Со два нови гола (еден од седум метри) расположениот Рутенка одговори на изненадувањето на Исаиловиќ за 6:8 во 18 минута. Пасквал побара минута одмор, очигледно не најзадоволен како тече мечот. На 11 минути до крајот на првиот дел, Докиќ со вториот гол израмни на 8:8. Дури и поведоа швајцарците со голот од крилна позиција на Вон Дешванден (9:8). Но првакот на Шпанија брзо реагираше и нововлезениот Карабатиќ и Хуанин Гарсија од контра, го вратија водството (9:10). И штом Барса побегна на +2, пак два гола на Лукас Ван Дешванден за 11:11. Но во израмнетиот финиш Јаспер Нодесбо со левата рака од линијата од шест метри погоди за 13:14. Барса ја консолидира одбраната и данецот и капитенот Томас на додавања на Лазаров, за прв пат ја оддалечија гостинската екипа (13:16). Со звукот на сирената Рутенка реалираше седмерец за +4 за Барселона на полувреме.

Вториот дел започна како што заврши првиот, со седмерец за Барса, но Рутенка овој пат ја погоди пречката. Но затоа Лазаров во 32 минута од казнен удар за прв пат предноста на гостите ја носи на +5. Исаиловиќ дури во 5 минута од вториот дел погоди за Вакер Тун и намали на 14:19. Шариќ се разбрани и Барса постигнуваше лесни голови, па Арињо и Саубич во неполна минута предноста ја донесоа до огромни 7 гола (14:21).

Ред беше на Раул Ентрериос, па неговите два гола без скок-шут во 38 минута на Барселона му дадоа комотни 15:23. Лазаров со уште еден од седум метри ја зацврсти предноста на 17:25. На средина од вториот дел, се беше решено откако фаворитот побегна на +11 со голот во транзиција на Виран Морос. Линдер и Борна Франич за кратко ја спуштија дистанцата под 10 гола, но одамна победникот беше решен. Нашиот интернационалец продолжи да ја полни мрежата на швајцарците и го реализира и третиот свој седмерец (19:30). Фаворитот лесно го приведе мечот кон крај за убедлива победа од 23:39. Лазаров со 7 гола беше прво име на средбата, 6 постигна Рутенка, а 5 капитенот Томас. Кај Вакер Тун најефикасен Ван Дешванден со 5 гола. Осми меч и осма победа во Лигата на шампионите за Барселона, која го осигура осминафиналето и тоа од првата позиција во групата.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share