Како од шега Барса си поигра со Вила де Аранда
Барселона - Вила де Аранда 42:24 (24:10)
17 меч и 17 победа во ASOBAL лигата на доминаторот Барселона, која прашање на време е кога ќе ја потврди титулата. Против Вила де Аранда момците на Пасквал имаа само полесен тренинг за гостувањето во Швајцарија в сабота и враќањето на Лигата на шампионите.
Каталонците почнаа страотно и поведоа со 5:0 за неполни 6 минути игра. Сорондо и Рутенка мотивирано почнаа со по два гола, а Илија Сладиќ за прв пат погоди за гостинскиот тим. Лазаров во осмата минута го постигна првиот гол за домаќините за 6:2, а веднаш во ритам влезе и Виктор Томас и со два лесни гола од крилна позиција, Барса дојде до 10:4 во 14 минута. Гарсија Пертусо од линијата од шест метри на половина од првиот дел, погоди по петти пат за гостите. Следуваше нова серија од 5:0 на Барселона, со гол од седмерец на Лазаров, па на Сармиенто и уште два во свој стил низ противничката одбрана на Сергеј Рутенка. Од 20 минута во игра влезе Никола Карабатиќ и покрај одличната игра во одбрана, постигна два гола за 18:7 во 22 минута. При 20:9 во последните четири минути, момците на Пасквал благодарение на двајцата француски интернационалци, направија нов исчекор и само Сладиќ на 13 секунди до одморот намали на 24:10. И вториот дел започна со долга низа без постигнат гол за Вила де Аранда. Карабатиќ со уште два гола во транзиција во 38 минута носи највисоки +18.
Тогаш натпреварот влезе во целосно егзибициони води и како на тренинг Барса редеше лесни голови. Како на филмска лента Штербик или одбраната блокираше, а Хуанин Гарсија и Јоан Саубич погодуваа до 37:16 во 51 минута. Финишот остана без приказна и само прашање беше која ќе биде разликата на крајот. Како и во Купот на Кралот и во двата првенствени меча со Вила де Аранда, Барселона беше немилосрдна и дојде до лесна победа со стандардни 40 тина гола. Кај победничката екипа сите освен Виран Морос постигнаа голови. Најефикасен беше Сорондо со 8, Карабатиќ додаде 6 гола, а нашиот Кирил Лазаров реализираше 3 пати. Капитенот на нашата репрезентација имаше и две асистенции. Во тимот на Вила де Аранда, Илија Сладиќ со 7 гола беше најпозитивен, а Гарсија Пертуса додаде уште 4 гола. Дефинитивно првите два меча по европското првенство навестуваат дека Барса е истата онаа есенска машинерија која газеше се пред себе и нема потреба така да не биде до крајот на сезоната, до првите денови од јуни.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




