hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нови правила во шпанската ASOBAL лига

saric juanin i kire

Шпанската ASOBAL федерација одлучи да донесе неколку промени во наредната сезона, како шпанското првенство би го направила покомпетитивно, погледливо и од поголема корист за националните репрезентации. Дојде до смена на претседателското место, а од шампионатот во сезоната 2014/15 наместо 9, ќе можат да се регистрираат 4 странски ракометари надвор од европската унија.

Ова правило можеби денес не влијае на ростерите на 16 клуба, кои играа во највисокиот ранг, но во проект од неколку години, шпанците мора да размислуваат на нивната иднина. На последните две сениорски и младински светски првенства, Шпанија играше во финалето и целта им е шпанските млади ракометари да добиваат шанса во своите клубови, а оние странски ракометари кои ќе пристигнуваат да бидат со проверен квалитет.

Share