Лазаров во жирито за ракометна личност на годината

Како и минатата сезона, така и оваа, специјализираниот ракометен портал „Handball-planet„ ќе ја одбере личноста која ја одбележа 2013 година. Жирито кое брои 23 ракометари, тренери, ракометни легенди ќе го прогласи најдобриот на 12 фебруари, а титулата од минатата година ја брани селекторот на женската репрезентација на Црна Гора, Драган Аџиќ.
Во групата која го сочинува жирито се наоѓа и нашиот Кирил Лазаров, кој ќе ги даде своите три гласа исто како и Ласло Наџи, Константин Игропуло, Фабиана Диниз, Жарко Шешум, Каспер Хвидт, Марсин Лијевски, Јованка Радичевиќ, Хозе Хавиер Омбрадос, Изабел Гулден, Драган Аџиќ, Антонио Ортега, Партекур Јоханесон, Дагур Сигурдсон, Андреј Голиќ, Петар Метличиќ, Андреј Шчепкин, Драган Шкрбиќ, Бјорн Пазик, Том О Бранаган, Надеж Куле, Жика Богдановиќ и Јуки Хатори. За оваа година во изборот за ракометна личност на годината номинирани се: Жан Брио, Домагој Дувњак, Боб Хенинг, Velux FINAL FOUR, Мадс Хансен, Филип Јиха, Андреа Лекиќ, Амброс Мартин, Даниела Пиедад, Српска ракометна федерација, Мортен Субак, Олафур Стефансон, Виктор Томас, Љубомир Врањеш, Валеро Ривера.




