hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса го почнува пролетниот поход до новата титула

barca rakomet foto medali

Од пред некој ден најатрактивната ракометна екипа на планетата, Барселона на Хави Пасквал повторно е во тренажен процес и ја започнува пролетната офанзива кон сите преостанати трофеи. Ако 2013 ја заврши со освоениот ASOBAL Куп во „Палау Брауграна„ во новата 2014 година првиот предизвик е гостувањето во Куенка кај Сиудад Енкантада.

Од денес Лазаров и другарите патуваат за Куенка, откако деновиве ги славеа седумте освојувачи на медали на европското првенство во Данска. Златните Карабатиќ и Сорондо, сребрениот Нодесбо и бронзените Томас, Гурбиндо, Виран Морос, Раул Ентрериос и Сармиенто се приклучија кон групата, а практично по одличното првенство и Лазаров и Рутенка се во тренажен процес. Клубот обелодени дека Гурбиндо го продолжи договорот со Барса до 2016 година. Во 2014 Барса е на добар пат да ја одбрани титулата во ASOBAL лигата, има уште три меча од групната фаза во Лигата на шампионите, а и во Купот на Кралот и Суперкупот на Каталонија овој дрим-тим е голем фаворит за трофејот.

Share