hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Грција, противник во мундијалскиот бараж

1554611 653407518056045 2095969755 n

Македонската ракометна репрезентација ја доби Грција за противник во баражот за пласман на Светското првенство в година во Катар. Така реши денешната ждрепка во данскиот град Хернинг. Термините за бараж-двомечот со Грција се 7/8 и 14/15 јуни годинава, а Македонија ќе биде домаќин на вториот меч, најверојатно во скопската сала „Борис Трајковски".

Жолто-црвените беа во групата на привилигирани селекции со оглед на пласманот во вториот круг на континенталниот собир, каде што завршивме како десетопласирани. Во останатите бараж-дуели силите ќе ги одмерат: Унгарија-Словенија, Романија-Шведска, Полска-Германија, Србија-Чешка, Русија-Литванија, БиХ-Исланд, Австрија-Норвешка, Црна Гора-Белорусија.

Share