hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Лазаров на промоција на книгата посветена на Тоше

kniga za tose

„Ова не е крај" е насловот на книгата посветена на големата македонска музичка ѕвезда - Тоше Проески, која беше промовирана денес во чест на неговото раѓање. Книгата опфаќа сегменти од животот на Тоше, од почетоците, до подемот на неговата кариера, а сеќавањата за него ги споделуваат најблиските, пријателите и колегите.

tose2

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров исто така пронајде време и го испочитува големиот настан. Тој в раце ја има книгата посветена на Тоше, а промоцијата ја искористи за дружење со многу пријатели и со неговата школска другарка од битолската гимназија, Каролина Гочева. Од Фондацијата Тоше Проески, велат заедно со авторката, биографијата ја подготвувале повеќе од две години. По повод роденденот на Тоше, беше промовиран и видео запис за песната „Жао ми је, " снимен во 2006та година.

tose3

Во чест на роденденот на Тоше Проески, традиционално се одржа и голема крводарителска акција. Најбројни беа повеќекратните крводарители, но меѓу нив имаше и млади луѓе, кои за првпат даруваат крв. Организаторите на крводарителската акција, задоволни од одзивот на граѓаните. Очекуваат оваа година да се надмине бројот на собрани единици крв. Традицијата за одржување крводарителски акции во спомен на Тоше почна во 2010 година и два пати во годината се реализираат во негова чест. Според организаторите, во досегашните осум акции, 2034 крводарители дарувале крв.

Share