Во пресрет на европското првенство во Данска, водечкиот ракометен бренд Hummel исфрли на пазарот нова патика со жолта боја, која во Данска ја носат само екслузивците на оваа компанија. Така пред некој месец во Париз беше снимен видео спот за оваа патика наречена „POWERLINE„ во кој учествуваа двајцата најдобри ракометари за последните две години, Даниел Нарцис (ПСЖ, Франција ) и Микел Хансен (ПСЖ, Данска).
Во оваа група на ракометари кои се под „капата„ на Hummel спаѓа и нашиот Кирил Лазаров, кој исто така во Хернинг настапува со патиките од новата колекција на Hummel. Ви го нудиме видео спотот и забавните сцени за време на снимањето во Франција.