
Се сеќавате на поразот во Португалија на почетокот на квалификациите за Европското првенство во Данска. На тој меч капитенот го постигна јубилејниот 1000 гол и влезе во малиот избран клуб на ракометари со четирицифрен број на голови.
Нешто повеќе од една година подоцна, ракометарот на Барселона брзо „раситна„ уште една стотка. Доволни беа три контролни средби пред мундијалот, шест на самото светско првество во Шпанија, три од завршувањето на европските квалификации (не настапи заради повреда на мечот со Шпанија) и три теста пред заминувањето во Данска, за уште стотина гола. 15 меча со кои Лазаров мина од 1000 до 1100 гола и се зацврсти како најдобар македонски стрелец на сите времиња и еден од најубоитите стрелци во светот на ракометот.