hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Кире против Филип Лазаров, Барса против Вардар во Скопје

kire filip

Стартот на новото издание на Лигата на шампионите, преполно со симболика за македонскиот ракомет и за Кирил Лазаров. За прв пат во кариерата нема да биде домаќин во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје и за прв пат во Лигата на шампионите ќе игра против неговиот брат Филип.

Двајцата играа еден против друг во унгарскиот шампионат, кога Кирил го носеше дресот на Веспрем, а Филип на Татабања. Барса до сега четири пати гостувала во Македонија и секогаш победувала. Во сезоната 2003/04 каталонците славеа со 27:35, наредната сезона со 12:26 а во 2010/11 нов триумф од 28:35. Меѓу тие мечеви следеше и гостувањето во нашиот главен град и против Металург. Во сезоната 2008/09, Барселона го доби Металург со 22:29.

Ова е само прво од двете гостувања во Скопје во Б групата оваа сезона за избраниците на Пасквал. Тие со чартер лет веќе пристигнаа во Македонија и нема да тренираат вечерва, туку во хотелот Александар Палас од 19:00 часот ќе имаат средба со новинарите. Утре по мечот делегацијата на Барселона се враќа за Каталонија.

Share