hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ракометната школа „Лазарови„ со се поголема заинтересираност

skola lazarovi

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров од секогаш опоменувал да се обрати внимение на младите категории и да се мисли што кога ќе замине од големата сцена оваа генерација. Во неговото родно Свети Николе веќе од поодамна работи ракометната школа „Лазарови„ и од година во година се пристапува многу посериозно и посериозно.

Заинтересираноста расте, а во овој момент членуваат повеќе од 35 момчиња во повеќе возрасни категории. Школата ја водат првиот тренер на Кирил Лазаров, Иле Јанев и бившиот сограч на звездата на Барса, Илија Конев. Нивниот проект започна со основната цел да се доближи овој спорт до најмладите и тие да се отргнат од секојдневните пороци. Денес напредокот е евидентен и големи се шансите и во иднина да излегуваат големи ракометни асови од Свети Николе, од каде изникнаа двата капитени на националните репрезентации Кирил Лазаров и Гордана Нацева, а со години националниот дрес го носи и Филип Лазаров.

Share