hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Powerade„ наградата во рацете на Кирил Лазаров

kire asobal 2013 nagrada st

На почетокот од новата ASOBAL сезона, во предвечерјето на Суперкуп дуелот на Барселона и Натурхаус Ла Роха, беше одржана гала свеченоста во Ваљадолид. На неа македонскиот интренационалец Кирил Лазаров ја прими наградата „Powerade„ за ракометар со најмногу натпревари во сезоната 2012/13 во дресот на мадридски Атлетико (37 меча во сите натпреварувања).

Лазаров пропушти само еден натпревар и со тоа стана најиздржлив ракометар во целата лига. На свеченоста беше прогласен и идеалниот тим на минатата сезона. Во него се најдоа: Даниел Шариќ (Барселона), Хуанин Гарсија (Барселона), Хулен Агинагалде (Атлетико Мадрид), Виктор Томас (Барселона), Сергеј Рутенка (Барселона), Јоан Канељас (Атлетико Мадрид) и Алекс Душебаев (Арагон). Виран Морос (Барселона) е најдобар дефанзивец, а Гонзало Пораз од Ваљадолид, најдобар дебитант. Најдобар тренер е Хота Гонзалез од Натурхаус Ла Роха, а најкорисен ракометар втора година по ред е Хулен Агинагалде.

Share