
Контрадикторни наслови, изјави кои се на еден или друг начин пренесени, но почеток на вообичаената еуфорија за време на големите турнири ги зафаќа хрватите кои ликуваат по победата против Македонија. Некои пишуваат дека полесно од очекуваното е победена „четата„ на Обрван, согласувајќи се со Славко Голужа, други пак одобруваат дека „коцкестите„ полека ја подигаат формата.

Заеднички став им е дека ова беше најдоброто издание на хрватската репрезентација на мундијалот. Тие и Шпанија до овој момент се сигурни победници на своите групи со 4 победи од исто толку одиграни натпревари.