hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Лазаров: „Задоволен сум, но залудно е ако не ја добиеме Словенија„

lazarov-21-624x417

ФОТО: Спортмедиа

Австрија одсекогаш му лежела на Лазаров. И во Скопје и во Виена и во Хернинг тој беше нашиот предводник во успесите против момците на Јоханесон. Денес со 9 гола се врати во голгетерски ритам, но како перфекционист опоменува да ја подобриме играта во одбрана, зошто со 31 примен гол тешко може да се совлада полуфиналистот од последниот мундијал, Словенија в недела:

„Одигравме извонредно разноврсно во нападот и им создававме големи проблеми. Во второто полувреме на посакуваното ниво дојде и одбраната, што се покажа како клучно за вечерашниот триумф. Сепак примивме 31 гол и тука мора да се подобриме. Мислам дека има уште сила во нас, иако се чувствува замор по одиграните средби. Среќни сме за остварените четири победи, но ова ништо нема да значи ако задутре не оствариме победа против Словенија. Тие играат технички дотерано, со цврста одбрана. Но, верувам во себе и во соиграчите и се надевам дека ќе го направиме тоа за што сме дојдени" рече пред новинарите Кирил Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share