hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Обрван: „Сакам да му честитам на Ангелов за менталната сила„

obrvan

За прв пат на турнирот ролја на главен протагонист имаше Петре Ангелов, кој со серија на интервенции ја сопре офанзивната серија од првиот дел на австријците и успеа да ни донесе победа без многу треперење. Неговите 9 одбрани за 30 минути на голот, покажуваат дека во секое време треба да се смета на неговите услуги и може да ни бидат од голема корист. Селекторот Ивица Обрван не заборави да ја истакне силата и концентрацијата на голманот на Вардар:

„Сакам да им честитам на австријците за коректната игра, а на моите играчи на остварување на првата цел. Беше тежок, физички и психички меч, сепак ние ги извлековме последните атоми за победа. Ангелов влезе во игра и покажа карактер, имаше желба и го смени текот на натпреварот. Горд сум на неговиот настап како и на секој играч што ќе покаже таква ментална сила.. Борко Ристовски бранеше во одлична форма на досегашните средби, а Ангелов покажа дека во секое време може да се смета и на негова помош" констатираше на прес-конференцијата нашиот селектор Ивица Обрван.

 

Share