hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Манасков: „На почетокот од вториот дел го зададовме завршниот удар„

manaskov

Со комплетен натпревар и со добра игра пред се во второто полувреме, Дејан Манасков уште еднаш потврди дека е „суво злато„ за оваа репрезентација и иднина за уште години и години. Ракометарот на Металург почувствува дека на почетокот на второто полувреме се „крши„ натпреварот и Македонија го зададе завршниот удар:

„Мислам дека во првиот дел не бевме оние правите, но успеавме на време да ја склопиме нашата игра и кога најмногу треба, на почетокот на вториот дел да се наметнеме. Второ мундијалско осминафинале и остварување на целта. Сакам да им честитам на моите соиграчи за победата и за целата групна фаза и сега треба само добро да се одмориме и да се подготвиме за мечот кој следи. Со Словенија ќе биде многу тешко, уште потешко од денес, но јас сум оптимист и верувам во оваа екипа, која веќе покажа многу работи на овој мундијал„ рече авторот на 4 гола, Дејан Манасков кој веројатно го игра својот најдобар турнир во кариерата. В недела против Словенија ќе се обиде да го освои и третиот часовник за најдобар играч на средбата. Две награди од организаторот како и Манасков има и капитенот Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share