Скок на Лазаров кај голгетерите, лидерство кај најкомплетните

Со деветте постигнати гола против Австрија, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров направи голем исчекор кон врвот на листата на стрелците. Денешниот негов меч беше комплетен, исполнет со многу голови, асистенции и влијание на играта. Лазаров е на 5 гола до водечкиот на листата на стрелците, словенецот Драган Гајиќ. Но затоа во севкупната листа за најкорисен играч во која се собираат головите и асистенциите, Лазаров е убедливо прв. Групната фаза завршува утре со мечевите од 5 коло во Ц и Д групата.
Листа на стрелци:
- Драган Гајиќ (Словенија) 43
- Жарко Марковиќ (Катар) 41
- Кирил Лазаров (Македонија) 38
- Роберт Вебер (Австрија) 34
- Иван Чупиќ (Хрватска) 28
Листа на голови + асистенции:
- Кирил Лазаров (Македонија) 56
- Жарко Марковиќ (Катар) 52
- Драган Гајич (Словенија) 44
- Сергеј Рутенка (Белорусија) 43
- Родриго Салинас (Чиле) 43




