Традицијата не потсеќа на поразите во 2008 и радоста во 2012 година

Словенија е наш постојан соперник низ квалификациите и големите приредби во минатото. Иако најпресно и најпријатно сеќавање е тоа од Белград 2012година, сепак традиција вели дека не секогаш „змајчеките„ ни будат пријатни спомени. Еве ја листата на меѓусебни дуели меѓу Македонија и Словенија, која вели дека имаме 1 победа и 2 порази.
Квалификации за ЕП Норвешка 2008 година:
Македонија - Словенија 32:33
Словенија - Македонија 33:28
ЕП Србија 2012 година - Меч за 5 место:
Македонија - Словенија 28:27
Кирил Лазаров постигна по 5 гола на двата натпревари во 2008 и 8 на мечот за 5 место во Србија 2012 година. Последен пријателски меч овие две селекции одиграа во декември 2013 година, кога во подготовката за европското првенство во Данска, Словенија не совлада со 31:25. Лазаров постигна 6 гола.




