hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Ангелов: „Сите одиме по однапред зацртаната цел„

Fyro Macedonia vs Austria 150123Qatar 2015 M54 MKD vs AUT- AH 5698 xlarge

Кавадарчанецот Петре Ангелов ја засили својата самодоверба и на тимот му потврди дека може во секој момент да смета на него. Одбраните во вториот дел од мечот со Австрија, им ја олеснија работата на соиграчите и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Затоа и на прес-конференцијата Ангелов не си ги припишуваше заслугите, туку победата ја окарактеризира како уште еден чекор до заедничката цел:

„Кога тргнавме на подготовки имавме своја цел и полека стигнуваме до таа цел. Ние сакаме да бидеме меѓу најдобрите осум и полека се доближуваме до таа цел. Сите сме фокусирани, знаеме кој е влогот утре, но и знаеме дека нема поправен. Оваа селекција е составена од 18 ракометари и секој е дел од колективот. Некој дава повеќе, некој помалку, но важна е заедничката цел. Притисок не би требало да чувствуваме, бидејќи десет години играме заедно, играме Лига на шампиони и СЕХА лига. Ние играме добра одбрана, во просек примаме по 22-24 гола и мислам дека утре одбраната ќе биде во најдобро издание. Знаеме кој е влогот и секој знае како инвидуално да се подготви за мечот. Убеден сум дека ќе победи подобриот, а подобри сме ние„ рече Петре Ангелов, кој влегувајќи од клупата беше клучен ракометар во натпреварот со Австрија.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share