hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Попладневниот тренинг откажан, ракометарите на прошетка

foto doha

Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван ги ослободи од обврските ракометарите попладнево, иако во 15 часот беше предвиден тренинг пред мечот со Словенија. Стручниот штаб им даде комплетно слободно попладне на нашите адути, за да можат да се одморат и за кратко да се дефокусираат од ракометните возбудувања.

Тие убавото време во Доха го искористија за прошетка и шопинг во луксузните шопинг центри во Катар. До крајот на денот веројатно ќе има инвидуални тактички подготвувања за дуелот со Зорман, Гајиќ и другарите, кој ќе се игра утре од 16:30 часот.

Share