hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Козлина: „Добро се познаваме, ќе ми биде тешко против Македонија„

kozlina 3

Низа комплименти на адреса на нашата репрезентација, максимален респект и коректни изјави доаѓаа од словенечкиот табор во текот на денешниот ден. Еден од најупатените да зборува за избраниците на Обрван е Миладин Козлина, кој скоро со сите наши ракометари ја делеше соблекувалната во клубскиот ракомет:

"Веројатно утре го играме најважниот натпревар на мундијалот. Максимално се подготвуваме за овој дуел и можам да кажам дека не очекува тежок натпревар и според мене ќе победи онаа селекција која ќе направи помалку грешки. Македонија игра одлично, имаат квалитет и во одбраната и нападот. Комплетниот тим игра фантастично и за македонската репрезентација можам да делам само комплименти. Не знам дали е предност што ги познавам скоро сите играчи. Сите добро меѓу себе се познаваме. Си ги знаеме добрите и слабите страни и затоа сметам дека се ќе зависи од концентрацијата во текот на натпреварот" истакна словенечкиот репрезентативец, Козлина кој настапуваше и за Металург и за Вардар, а сега професионалниот леб го заработува во Германија.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share