
Во очекување на прогласувањето на МВП на светското првенство, не се гледа јасен фаворит за освојување на ласкавото признание. Иако критериумот на организаторите често е да се гледа целиот турнир и во минатото биле избирани најдобри играчи и кои не играле во финалето. Овој пат се чини изборот е сведен на голманите Шариќ и Омејер и на Марковиќ и Карабатиќ. Еве ги претходно избраните најдобри ракометари на мундијалите:
2013 година - Микел Хансен (Данска)
2011 година - Никола Карабатиќ (Франција)
2009 година - Игор Вори (Хрватска)
2007 година - Ивано Балиќ (Хрватска)
2005 година - Ивано Балиќ (Хрватска)
2003 година - Кристијан Шварцер (Германија)
2001 година - Штефан Ловгрен (Шведска)