ВИДЕО: Прибак: „Имаме голем респект за Хрватска, тие играле многу финалиња„

Еден од најсилните противници против кои сме играле и ќе играме сигурно е Хрватска на Славко Голужа. Сите се свесни дека за подвиг против „коцекстите„ потребен е перфектен натпревар и многу спортска среќа. Немања Прибак уште еднаш го потенцира респектот кон оваа репрезентација и верува дека сепак може рамноправно да се игра со овој ривал:
„Јас и претходно кажав дека имаме голем респект за Хрватска. Колку само пати играле финале, полуфинале на светски и европски првенства. Имаат голема предност, поискусна екипа се, подолго време играат завршница на големи турнири. Но мислам дека може да се игра со нив. Кога игравме со Франција, ми оставија впечаток дека сите ќе загубат од нив со 15 разлика, но не се случи тоа, па не се знае и на мечот со Хрватска„ потенцираше Прибак. На овој меч за прв пат ќе ја почувствуваме „Духаил арената„ каде што Хрватска ги одигра сите три натпревари од групата Б.




