ВИДЕО: Прце: „Пак загубивме од нашите инвидуални глупости„

Еден од најценетите босански репрезентативци Никола Прце по натпреварот беше видно лут и ја обвини својата селекција како главен виновник за поразот од Македонија. На сличен начин како и против Австрија момците на Марковиќ направија серија на инвидуални грешки и испуштија од раце меч кој за нив многу ветуваше:
„Пак загубивме заради нашите глупости. Кога се „кршеше„ резултатот правевме инвидуални грешки. Тоа се инвидуални глупости, така не може никого да победиме. Пак имавме меч да победиме, да се бориме до крај, но пак сами се решивме на 10 минути пред крајот. Штом играме долг, колективен напад имаме шанси. Штом почне секој да игра на своја страна, тогаш е тешко. Посебно а правиме глупости во нападот. Тогаш ништо не можеме„ заклучи видно фрустраниот Прце. Босна мора да го совлада Тунис доколку сака да остане на турнирот и да го фати последниот воз за осминафиналето.




