hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Обрван ќе ги тргне емоциите, Голужа најавува „спортска војна„

BOSNIA AND HERZEGOVINA VS FYRO MACEDONIA 150119Qatar 2015 M27 BIH vs MKD-GEO13 xlarge

По една преспиена ноќ аргументот Босна е заборавен и свртена е нова страница која го најавува мечот кој ќе го даде победникот на Б групата. Македонија за прв пат ќе игра во „Духаил арената„ каде Хрватска има среќа да ги игра сите свои натпревари. По скоро две децении за прв пат ќе играме официјален натпревар со Хрватска и вистинска реткост е што по денешниот дуел на Германија и Данска со два исландски стручњаци, утре еден наспроти друг ќе бидат двајца хрватски тренери:

„Немам никакви емоции кон Хрватска. Јас си ја работам мојата работа. За жал имаме малку време за подоготовка на вака важни натпревари. Задоовлен сум што играчите од една проблематична сутуација имаме шест бодови. Тоа е карактер и сила. Направивме ситуација да играме за прво место во групата и желбата ни е да пружиме добра игра, да одиграме добро и ќе пробаме да искористиме што ни се пружа, за да дојдеме до победа, за да го нападнеме првото место" потенцираше на официјалната прес-конференција Обрван.

Неговиот колега Славко Голужа беше расположен за разговор, се шегуваше и зборуваше детално за мечот кој следува. Откри дека очекува меч со многу набој бидејќи ова е „балканско дерби„ и престижот е во прашање:

SDC10578

„Играчите од македонскиот тим доаѓаат од Вардар и од Металург и знаеме дека добро тренираат во текот на годината, за разлика од нас. Тоа е нивна предност што се постојано заедно, освен Лазаров и Ристовски. Киро одлично го познавам, ќе има голем мотив да игра со нас, меѓутоа тој сам не е Македонија. Она што го одиграа досега ме импресионираше, но кога ќе видам кој ги тренира во Металург не ме чуди. Имаат техничка дисциплина, гледајќи ги против Тунис, одиграа можеби најдобар меч во нив последниве 2-3 години. Имаме голем респект кон нив, знаеме дека ќе влезат во мечот доста „запалени", бидејќи ова е балканско дерби„ рече бившиот капитен, а сега селектор на „коцкестите„ Голужа. IHF утре околу пладне ќе ги делегира делителите на правдата на мечот од кој директно зависи победникот во нашата група.

Share