hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Јоноски со повреден зглоб, не „мириса„ на добро

jonoski-povreden-624x4681

Ако повредите не штедеа во првата недела од мундијалот, сега како да почнуваат проблемите. Настапот на Ацо Јоноски на мечот со Австрија е неизвесен, бидејќи му е отечен зглобот на десната нога и не може нормално да се движи, а камо ли да тренира. Стружанецот го повреди зглобот во почетните минути од натпреварот со Хрватска и видлива беше неговата болна гримаса на лицето.

Но, како и секогаш, реши да стисне заби и да издржи до крај на средбата, за да може да се бори со високите и силни играчи на Хрватска. Но по мечот се појави оток и нашиот дефанзивец имал болки. Сега лекарскиот тим ќе се обиде што побрзо да ја санира повредата со цел да биде целосно подготвен за дуелот со Австрија утре. Ацо Јоноски заедно со Велко Марковски се нашите дефанзивни столбови и од нив зависат многу работи на одлучувачките натпревари.

 

Share