ВИДЕО: Мајер: „Секако дека сакаме да ви се реваншираме„

Колку што ние со оптимизам и насмевка гледаме на наредниот противник, Австрија, толку и момците на Јоханесон се мотивирани да ни се реваншираат за нашите последни големи победи во баражот во летото 2012 година и на последното европско првенство во Данска. Тоа може да се забележи и во зборовите на австрискиот ракометар Лукас Мајер:
„Се е отворено. Против Тунис моравме да победиме, но нивниот голман беше многу добар. Мора да се свртиме кон наредниот натпревар и знаеме дека мора да победиме. Секако дека сакаме да победиме против Македонија. Имаат одличен тим, но ние сакаме да се реваншираме и се надевам дека ќе биде така„ ни рече Лукас Мајер, автор на 5 гола на мечот со Иран кој австријците лесно го добија вчера.
Каква одбрана ќе подготвите за најдобриот македонски стрелец, Кирил Лазаров?
„Ќе видиме, нема да ви кажам„ рече смеејќи се Мајер.




