hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ким Андерсон со нова загрижувачка повреда

kim anderson 1

Голем удар за шведската репрезентација во пресрет на денешниот одлучувачки натпревар за првото место во Ц групата на 24 светско првенство во ракомет во Катар. Андерсон на мечот со Египет го повредил истото оперирано рамо и целата нација е во исчекување на дефинитивната дијагноза.

Не изгледа добро, но многу веројатно мундијалот за ракометарот на Колдинг е завршен, а во најлошата варијанта и сезоната. Со оглед на тоа што ова е трета иста повреда на рамото, а претходно Ким Андерсон беше подлегнат на две операции, многумина стравуваат и за неговата кариера. Шведска мора да ја совлада Франција за да го освои првото место во групата.

Share