Марковиќ пак одлучувачки фактор, Хрватска максимално

Хрватска и се приклучи на Шпанија како втора селекција со максимални пет победи и прво место во групата. Избраниците на Славко Голужа го совладаа деморализираниот тим на БиХ со 28:21. Игор Карачиќ со 6, Хорват и Слишковиќ со по 5 гола беа најефикасни, а целата клупа на „коцкестите„ одговори на предизвикот. Кај БиХ, Торомановиќ со 7 гола беше најпозитивниот.
Катар и Белорусија одиграа чуден натпревар во кој на секоја од двете репрезентации им припадна по едно полувреме. По првиот дел Рутенка и другарите водеа со 7:12. Но одбраната на Ривера и феноменалниот Марковиќ со две серии од по 5:1, го свртија резултатот до финални 26:22. Бившиот ракометар на Металург, Жарко Марковиќ со 9 гола беше најефикасен во репрезентацијата на Катар, а кај белорусите Брука и Џанис Рутенка постигнаа по 7 гола. Дефинитивно репрезентацијата на Белорусија е едно од најнепријатните изненадувања на турнирот, а Катар со 4 победи од 5 натпревари е сензација на турнирот.
Хрватска - БиХ 28:21 (17:8)
Катар - Белорусија 26:22 (7:12)




