hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Шпанија со максимални пет победи, Тунис и Бразил во осминафиналето

Brazil vs Chile 150123Qatar 2015 M49 BRA vs CHI-SUKI8055 xlarge

Шпанија на Маноло Каденас ја оправда фаворитската улога и со пет победи на исто толку мечеви потврди кој е светски првак. Во меч за математичка потврда на првото место во А групата „црвената фурија„ ја совлада Словенија со 30:26. Шпанските ракометари постојано водеа, а „змајчеките„ не можеа никако да се спуштат под 2-3 разлика. Во црвено-жолтиот табор голманот Гонзало имаше 17 одбрани, а Ривера со 6 и Душебаев со 5 беа најефикасни. Но клучот беше во одбраната која делуваше многу подобро од противничката.

Кај Словенија Гајиќ, Безјак, Доленец и Натек погодија по 4 пати. Тунижаните на крилата на своите многубројни навивачи поведоа со 9:4 против Иран со 4 гола на Туати, но ракометарите на Борут Мачек се вратија и до одморот со 4 гола на Карамиан израмнија на 12:12. На почетокот на вториот дел веднаш момците на Хасанефендиќ се одлепија до 20:13 со голови на сите ракометари од бековските позиции. На крајот убедливи 30:23 за Тунис, кој се квалификува за осминафиналето како четврт во Б групата. Во победничката репрезентација Туати беше најефикасен со 7 гола, но целиот колектив го надигра Иран. Хасанефендиќ имаше дури 12 стрелци. Јужноамериканското дерби беше неочекувано израмнето. Дури и во првиот дел Чиле водеше против „кариоките„. Но момците на Жорди Рибера брзо се и одлепија и дојдоа до слично висока предност како Тунис против Иран. Конечниот резултат 30:22 кажува дека победата на бразилците беше без драматика и на рутина. Најефикасни во победничката селекција беа Пачеко со 7 и Силва и Рибеиро со по 5 гола. Голманот Алмеида имаше 13 интервенции. Кај Чиле, отскокна вториот голман Бариентос о 9 одбрани, сите во првиот дел.

Тунис - Иран 30:23 (12:12)

Бразил - Чиле 30:22 (12:13)

Шпанија - Словенија 30:26 (14:10)

Share