
Напоредно со добрите презентации на нашите ракометари и македонскиот судиски интернационален пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добива високи оценки за своето судење и доверена им е арбитражата на мечот Данска - Русија во „Лусаил арената„ во Доха од 19 часот по средно европско време.
Овој меч е клучен и за патниците во осминафиналето и за распоредот по места во најсилната Д група. Драган Начевски е официјално лице на мечот Исланд - Чешка, кој во истиот термин се игра во „Ал Саад„ арената во центарот на Доха.